Општина Крива Паланка
Крива Паланка доби ново јавно претпријатие
Општина Крива Паланка основа ново јавно претпријатие за изградба и за одржување на локални патишта и паркинзи, уредување на буици, одржување на улично осветлување и изготвување техничка документација. Советот на Општината одлучи да биде формирано ЈП „Калин камен“, а иницијативата беше покрената од градоначалникот Арсенчо Алексовски.
Воскреснаа староградските звуци во Крива ПаланкаВо прекрасниот амбиент на манастирот Св. Јоаким Осоговски се одржа долгоочекуваниот концерт на обновенот староградски состав „Распеани Паланчани“.
Петар Темелковски ја воодушеви публикатаВо рамките на манифестацијата Културно лето ’09, на сцената пред манастирот Св.Јоаким Осоговски, настапи нашиот познат актер Петар Темелковски со монодрамата „Филип II“. Публиката имаше ретка можност да ужива во актерското мајсторство на Темелковски и да ја почуствува магијата на едно далечно време, а сепак толку блиско да нас, проткаено низ нашето секојдневие. Темелковски со својата игра ја воодушеви кривопаланечката публиката за која ваквите случувања се реткост.
|
Звуци на руската музика во Крива ПаланкаВо рамките на манифестацијата Културно лето ’09, на сцената пред манастирот Св.Јоаким Осоговски, настапи руското културно уметничко друштво „Славјанка“ . Публиката имаше ретка можност да ужива во прекрасната изведба на руската народна песна.
Се одржа меѓународната средба „КРАИШТЕ 2009“Во местото Голеш на тромеѓето помеѓу Р. Македонија, Р. Бугарија и Р. Србија на 12.07.2009 год. на големиот христијански празник Петровден, во организација на Општина Крива Паланка, Општина Босилиград и Општина Ќустендил се одржа шестата по ред, традиционална меѓународна средба „КРАИШТЕ 2009“.
|














