Општина Крива Паланка
Школа по фолклор во Крива Паланка
Културно-уметничкото друштво „8 Септември“ кое работи во составот на националната установа Центар за култура од Крива Паланка, ја отвори Втората традиционална фолклорна младинска Летна школа „Крива Паланка 2010“, која ќе трае до крајот на јули годинава.
Пинг-понгарките на ППК „Крива Паланка“ шампиониПингпонгарките од ППК „Крива Паланка“ од Крива Паланка, по завршување на вториот плеј оф, кој се одржа во овој град, на 13 јуни, станаа шампиони на Македонија во сениорска конкуренција. Со предност од 4 бода пред второпласираната екипа на ППК„Градба промет“ од Кавадарци, тие ја одбранија титулата од минатата година и го освоија првото место во Државната прва лига во пинг-понг за сениорки, за сезоната 2009/2010 година.
Копаничарите на собир во „Свети Јоаким Осоговски“Во организација на Здружението на копаничарите на Македонија (ЗКМАК), во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски - Чудотворец“ во петокот вечерта беше отворена 17. меѓународна Копаничарска колонија 2010 година. На овој традиционален меѓународен копаничарски кампус учествуваат околу 15 резбари од Македонија и од Бугарија,
|
Градежен факултет во Крива ПаланкаДисперзирани студии по градежништво при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ќе бидат отворени оваа учебна година во Крива Паланка. Предвидени се 80 места за идните студенти на овие студии на Градежниот факултет, кои ќе плаќаат партиципација од само 100 евра, а за оформување на студиската група потребно е да се запишат минимум 25 студенти.
Активности за одржување на комуналната инфраструктураВо рамките на тековните активности, предвидени со годишната програма, Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура при Општина Крива Паланка, превзема повеќе акции за крпење на дупки на повеќе градски улици и тоа Македонска, Херој Карпош и населба Лозаново.
|
- Активирана е апликацијата за електронско пријавување на комунални проблеми
- Предавање “Учиме за ЕУ – едно семејство еден дом“ на Министерот Коњановски и Амбасадорката на Германија Н.Е. Улрике Кноц
- Јавна презентација и јавна анкета за ДУП „Мотел Македонија“
- Стапи во сила Одлуката за промена на имињата на улиците














