Општина Крива Паланка
Состанок на архитекти и градежни инжинери
Денес 03.09.2010 година, со почеток во 18 часот, ќе се одржи состанок на архитекти и градежни инжинери со потекло од Крива Паланка на кој состанок ќе се разгледува можноста за уредување на регулираниот дел на коритото на Крива Река, на потегот од Осички мост до вливот на долот Единство во Крива Река.
Конкурс за доделување на стипендии за талентирани ученици-студенти Врз основа на Одлуката на Советот на Општина Крива Паланка бр. 07-3147/19 од 16.08.2010 година,Општина Крива Паланка распишува КОНКУРС За доделување на стипендии за талентирани ученици-средношколци и талентирани студенти кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Македонија во учебната/студиската 2010/2011 година
Крива Паланка го прослави општинскиот празник „Свети Јоаким Осоговски“Околу 40 000 верници од земјава и од странство, викендов се собраа во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, во чест на патрониот празник на Осоговскиот светец, кој се прославува на 29 август. Овој општински и верски празник беше одбележан со повеќе манифестации на локалната самоуправа, а со црковните свечености чиноначалствуваше Митрополитот Полошко-кумановски, Господин Кирил.
|
Училишното звонче зазвониНа првиот училишен ден од учебната 2010/2011 година Крива Паланка по традиција ја исполни џагор и раздвиженост. Разделбата со родителите и првата средба со училишните клупи ги исполнија училиштат со радост и емоции. Во оваа учебна година во основните училишта во Крива Паланка се запишани вкупно 1754 ученика од кои 185 првачиња. Во средното училиште се запишани 945 ученици од кои 196 во прва година .
Ќе се гради споменик за дипломатот КрстевскиСоветот на Општина Крива Паланка ја прифати иницијативата на група граѓани за изградба на спомен-обележје на дипломатот Миле Крстевски, кој загина во авионската несреќа заедно со претседателот Борис Трајковски во 2004 година кај Мостар. Споменикот треба да биде изграден по повод 7-годишнината од неговото загинување, а ќе биде поставен на улицата 8 Октомври, на која се наоѓа куќата во која е роден Крстевски. Педесетгодишниот Крстевски активно учествуваше во дипломатијата и зад себе имаше успешна 27-годишна кариера.
|



Локална Самоуправа










