logo
  • Видео Информации

    • 2019 – Година на инвестиции
      2019 – Година на инвестиции
    • Прес конференција на градоначалникот Мицевски за случувањата во МЗ Мождивњак
      Прес конференција на градоначалникот Мицевски за случувањата во МЗ Мождивњак
    • Добредојде за првачињата во новата учебна година
      Добредојде за првачињата во новата учебна година
    • Пресконференција по повод претстојните празнични збиднувања
      Пресконференција по повод претстојните празнични збиднувања
  • Видео пренос од седници на Совет

    • Свечена седница на Советот на општина Крива Паланка
      Свечена седница на Советот на општина Крива Паланка
    • 28. седница на Совет на Општина Крива Паланка
      28. седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 27. седница на Совет на Општина Крива Паланка
      27. седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 26. седница на Совет на Општина Крива Паланка
  • Врз основа на Правилникот за условите, критериумите и правилата за субвенциониран превоз на студенти кои студираат на Државните Универзитети во Штип и Скопје („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.15/2017  од 28.12.2017 година) Општина Крива Паланка објавува

    КОНКУРС
    ЗА СУБВЕНЦИОНИРАН ПРЕВОЗ НА СТУДЕНТИ КОИ СТУДИРААТ НА ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО ШТИП И СКОПЈЕ, А СЕ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

     Општина Крива Паланка за 2018 година субвенционира превоз на

    • 10 (десет) студенти кои студираат на Државните Универзитети во Штип и Скопје во Република Македонија
    • Субвенционирањето е со два повратни месечни билети со превоз од АДПТУТ „Пролетер“ АД с. Конопница Крива Паланка

    Услови за доделување на субвенции

    Право на субвенција имаат студентите кои се запишани на Државните Универзитети во Штип и Скопје во Република Македонија и ги исполнуваат следните услови:

    – Општи услови за студенти :

    1. да се жители на општина Крива Паланка
    2. да се редовни студенти
    3. да не повторувале година во текот на студирањето
    4. да се државјани на Република Македонија
    5. во предвид ќе бидат земени апликациите на студенти деца на самохран родител, студенти деца на невработени родители, студенти деца без родители и родителска грижа, студенти деца со посебни потреби и студенти деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Македонија
    6. да не се постари од 25 години

    Критериуми за доделување на субвенции се

    1. Постигнат успех од претходните студиски години од најмалку 8,5
    2. Материјални можности на студентите  и нивното потесно семејство

    Потребни документи за учество на конкурсот

    (Потребни обрасци)

    1. Евидентен лист пополнет од апликантите до комисијата
    2. Потврда за редовен студент
    3. Уверение со број на предвидени и  положени испити од претходни години
    4.  Потврда од плата/чек од пензија за татко/мајка или старател за исплатена плата за последни три месеца, за невработените потврда од Агенција за вработување на Република Македонија дека се невработени или примат/не примат паричен надоместок, додека за другите членови на семејството брат/сестра доколку се ученици или студенти потврда од училиште или факултет
    5. Документ за кандидати-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби
    6. Изјава за семејна положба
    7. Изјава за точни податоци во приложена документација
    8. Изјава за користење на лични податоци
    9. Копија од државјанство на РМ

    Место и рок на поднесување на документи

    Потребните документи се доставуваат до Општина Крива Паланка

    Рокот на поднесување на документи е 01.02.2018 до 28.02.2018 година

    • При поднесување на документи кандидатите потребно е со себе да носат и индекс.
    • Потребните обрасци може да се набават во Општина Крива Паланка или на веб страницата на општината www.krivapalanka.gov.mk
    • Некомплетни ненавремено доставени документи и документите доставени по пошта нема да се разгледуваат.
    • Резултатите ќе бидат објавени во рок од 8 (осум) дена од денот на завршување на конкурсот
    • Резултатите ќе бидат објавени на огласна табла во општина Крива Паланка и на веб страната на општината www.krivapalanka.gov.mk
    • Незадоволните кандидати имат право на приговор во рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето на резултатите.
    • Поблиски информации може да се добијат директно во канцеларијата на комисијата или на телефон 031/372-130  076/337-446   070/607-543.

               ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
    Градоначалник
    Борјанчо Мицевски


    Здружението Служба за спасување и помош „Спасител“ од Крива Паланка на ден 13.10.2019 г. на Калин Камен рализираше активност -презентација на тема ориентација на земјиште и практично укажување на прва помош на повреден. Оваа активност е дел од проектот „Биди свој“ кој здружението го реализира со помош на финаниските средстава од Буџетот на Општина Крива Паланка, предвидени во Програмата за поддршка на здруженија и фондации за 2019 год.

    На презентацијата активно учество зедоа 25 учесници од различни возрасти од општина Крива Паланка, а имаше и голем број на излетници- набљудувачи.

    Мисијата на здружението Служба за спасување и помош „Спасител“ е низ своите активности да допринесат во подигањето на културата на живеење  во урбаните и руралнуте средини во локалната заедница, регионот и пошироко, како и унапредување на личноста како индивидуа и полесно достигање на психофизичките, интелектуални и духовни можности на секоја личност како поедонец и одговорен граѓанин.

     

     

     


    Почитувани,

    Ве информираме дека денеска од 8.00 до 14.00 часот предвиден е прекин на електрична енергија на  ул.Браќа Миладинови, ул.Вардарска, нас.Грмаѓе, нас.Мизовски Ливади, ул.Коце Металец, фабрика Дема Стил, бензинска пумпа Мак-оил, ф-ка 8 ми Октомври, ресторан Борчева кафана, ресторан Облаче, Универзал С и технички сервис Крива Паланка.


    Излезе од печат новиот број на Општинскиот информатор за месец август и септември 2019.

    Сите информации со подетална содржина граѓаните може да ги најдата на веб страната на општината, а може да се регистрираат и за добивање на неделен билтен во електронска форма на нивната меил адреса. Регистрацијата се прави преку формата Пријава за е-билтен која се наоѓа на почетната страна на www.krivapalanka.gov.mk.

    Општинските информатори се достапни на http://www.krivapalanka.gov.mk/informator.

     


    Во чест на Денот на ослободувањето на Крива Паланка-8-ми Октомври, се одржа манифестацијата „Шопска софра 2019“. Пред присутните бројни гости беше презентирано богатството на кривопаланечката традиционална храна, која може да бидат  дел од  туристичка понуда на Крива Паланка.

    Во рамки на манифестацијата свој настап имаше и КУД „8 Октомври“.

    Настанот е во oрганизација на Општина Крива Паланка со финансиска подршка  од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство.  

     

     


    Признание за особени постигнувања и придонес за развој и афирмација на општина Крива Паланка за 2019 година му беше доделена на младиот кошаркар Андреј Јакимовски од Крива Паланка за посебни заслуги во промоција, афирмација и достојно претставување на општината и дражавата надвор од границите на РС Македонија и ширум Европа, во областа на спортот.

    Наградата во отсуство на Андреј Јакимовски, ја прими неговиот татко Орце Јакимовски, на Свечената академија по повод Денот на ослободувањето.

    Андреј Јакимовски е во најдобрата европска петорка за кошаркари до 18 години, најдобар стрелец и трет најдобар скокач и лидер на тимот на Европското првенство  во Романија 2019. Минатата година најдобар стрелец и најдобар скокач на „Некс генерејшн“ турнирот, како играч на Милано од Италија. На Европското првенство 2018 во Скопје, повторно најдобар стрелец, но и најмлад играч на Македонската кошаркарска репрезентација. Нашиот млад талентиран кривопаланчанин за само 10 години се вивна на врвот на кошаркарската елита.

    Почна овде, во КК „Крива Паланка“ на 7-годишна возраст. Учествуваше на  националните младински првенства со две генерации повозрасни играчи од него. Се истакнува како најдобар репрезентативец, а со КК „Феникс 2010“ од Скопје ја продолжува се поуспешната кариера во европските кошаркарски лиги, повторно како најдобар стрелец и најкорисен играч.

    За него пишуваат медиумите, го бараат менаџерите, а тој со леснотија ја освојува Европа и не прави горди. Моментално, како најмлад играч во силна сениорска екипа, ги брани боите на сениорскиот тим на „Торино 2“ од Италија.


    Примариус д-р Сретимир Николовски е добитник на годинашната општинска награда „8 Октомври” која општината ја доделува по повод празникот на градот.

    Примариус д-р Сретимир Николовски е роден 1958 година во Крива Паланка.  Ги завршил 2 и 3 одделение во една година, бил Титов стипендист и дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје на само 22 години, а подоцна и специјализирал интерна медицина. Речиси цели 40 години максимално и се посветува на лекарската професија во Здравствениот дом во Крива Паланка и го носи достоинството на Хипократовата заклетва во своето срце.Трпелив да го сослуша секој пациент, да го охрабри со благороден збор, да даде добар совет и да помогне секому.  Еден период, како единствен интернист, ќе го понесе сиот товар на своите плеќи  и ќе биде вистински борец за здравјето и животот на кривопаланчани, а само во 2018 годнина ќе регистрира 6.500 прегледи, многу итни случаи, решавање на критични ситуации.

    За својата стручност и посветеност ќе понесе и бројни признанија и сертификати од симпозиуми, конгреси, стручни усовршувања, а се јавува и како автор на 46 научни трудови на повеќе од 20 конгреси од различни области на интерната медицина. Во 2014 година заслужено ќе се стекне и со звањето примариус, додека кривопаланчани на него ќе гледаат како на светец, благословувајќи го да е жив и здрав, за да и ние бидеме живи и здрави.

    Бил на повеќе раководни функции во Здравствениот дом, а успева да најде време и за ангажмани во синдикатот, Лекарската комора на Македонија, ОО на Црвен крст, но и да биде советник со повеќе мандати во Советот на општина Крива Паланка.

    Несебичен кон пациетите и пожртвуван, заслужено ја добива „8-мо Октомвриската награда“ за 2019 година, која беше врачена на Свечената академија која се одржа во НУ Центар за култура по повод Денот на ослободувањето.

     

     


    Министерството за труд и социјална политика вчера потпиша договори за грантови за изградба на нови градинки со пет општини во вкупен износ од 228.100.000,00 денари.

    Со средствата од овие грантови, обезбедени со поддршка од Светска банка, ќе се изградат нови градинки во Крива Паланка со капацитет за 100 деца, во Ѓорче Петров со простор за 175 деца и во Струмица за 300 деца. Исто така ќе се адаптира нов простор за градинка во Боговиње со капацитет за 105 деца. МТСП ќе обезбеди и дополнителни средства за опремување на новите објекти.

    Со проектот е предвидено градинката „Детелинка“ во централното градско подрачје да се реконструира и да се надгради со уште еден кат. Висината на инвестицијата е 23.500.000 денари.

     


    На свечена академија која се оджа вчера во НУ Центар за култура Крива Паланка, по повод Денот на ослободување на градот, Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција во Република Северна Македонија е прогласен за почесен граѓанин на Крива Паланка.

    Признанието на амбасадорот Тимоние му беше врачено во знак на благодарност на граѓаните на Крива Паланка за повеќегодишната соработка помеѓу Општината и Амбасадата на Франција и за неговото лично залагање и посветеност во продлабочувањето на оваа соработка.

    – Ова признание за мене има тројно значење: меѓународно, билатерално и лично. Интернационално затоа што вашата општина и земја даваат голем придонес во големата Меѓународна организација на франкофонијата, чијашто членка е државата од 2006 година, а тука се промовираат вредностите на човекови права и слободи.  Билатерално, бидејќи Франција ја поддржува Република Северна Македонија од независноста до денес на патот кој води до европските и евроатланските структури, а иницијативите на нашиот претседател (Емануел)  Макрон ние ги реализираме како политики и ги спроведуваме на Балканот, за интеграција во ЕУ, за достигнување повисоки стандарди на вашите институции. И на личен план, многу ми значи што имав среќа да бидам амбасадор во убава земја од која се очекуваат чуда, да погледаме кон иднината и да се мобилизираат што повеќе таленти. Посакувам Република Северна Македонија што поскоро да го добие своето место во европското семејство, а јас следниот пат кога ќе дојдам во Крива Паланка, навистина, мои сограѓани, ќе се чувствувам како дома, рече Тимоние.

     


    Со  полагање цвеќе на споменикот на паднатите борци од Народноослободителната борба, пред општинската зграда, вчера во Крива Паланка отпочна одбележувањето на 75 години од ослободување на градот.

    Цвеќе на спомен-бистата положија делегација од општината, предводена од градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, делегација од општинскиот Совет, предводена од претседателот Изабела Павловска, делегации од Министерството за локална самоуправа, предводена од министерот Горан Милевски, од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, предводена од директорот Николче Бабовски, од Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија, предводена од амбасадорот Кристијан Тимоние, делегации од збратимените општини: Перечин, Украина и градоначалникот Иван Погорељух, Млава, Полска и градоначалникот Славомир Ковалевски, Жупања, Хрватска, градоначалникот Давор Миличевиќ, претставници од збратимените Самбервил, Белгија, Вршац, Србија, од политички партии, Министерството за внатрешни работи, јавни институции, Здружение на борци и  бројни граѓани.

    https://www.facebook.com/pg/o.krivapalanka/photos/?tab=album&album_id=1395329750617031

    Во чест на празникот на градот во текот на денот свечено беше пуштена во употреба и пешачко-рекреативната патека во должина од 868 метри која се наоѓа на месноста стара вада во Крива Паланка, во урбаниот дел на високата зона-левиот брег од градот. Овој проект општина Крива Паланка го имплементираше со општина Витина, Република Косово, во рамки на ИПА-Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово, а дел се финансираше и со сопствено учество на општината. 

    Во чест на празникот се одржа и свечена академија во Националната установа, Центар за култура во Крива Паланка на која беа доделени осмооктомврсиките признанија и награди.

    Наградата „8-ми Октомври” за 2019 година беше доделена  на примариус д-р Сретимир Николовски од Крива Паланка за неговото повеќедецениско работење во областа на медицината, кое има големо значење за развојот на општината.

    Наградата „Почесен граѓанин на Крива Паланка“ за 2019  беше  доделена на г.Кристијан Тимоние-амбасадор на Република Франција во Северна Република Македонија, во знак на благодарност на граѓаните на Крива Паланка за повеќе годишната соработка помеѓу општина Крива Паланка и Амбасадата на Република Франција, како и негови лични залагања и посветеност во продлабочување на соработката.

    Наградата „Признание за особени постигнувања и придонес за развој и афирмација на општина Крива Паланка“, му беше доделена на младиот кошаркар Андреј Јакимовски од Крива Паланка за посебни заслуги во промоција, афирмација и достојно претставување на општината и дражавата надвор од границите на РС Македонија и ширум Европа, во областа на спортот.

    Градоначалникот Мицевски врачи и благодарници во чест на успешна соработка и несебично залагање за општина Крива Паланка и тоа на директорот на ЈП Државни патишта, Зоран Китанов и на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

    Благодарница исто така, беше доделена на Кошаркарскиот клуб „Крива Паланка”, за нивните залагања и достигнувања и успешна досегашна работа  во областа на спортот.

    Градоначалникот Мицевски денес задоволно ја искажа честа што на овој голем и значаен ден за Крива Паланка присутни беа голем број на соработници, пријатели од збратимените градови, заблагодарувајќи се што денес успеаа на кратко да ја донесат Европа во Крива Паланка.

    -Горд сум на досегашната соработка и успешна работа што ја остваривме за оваа година, верувам дека нашата соработка ќе се продлабочува и во иднина работејќи заедно на остварување на проблемите со кои се соочува градот и граѓаните.Чест ми е што Крива Паланка доби нов модерен изглед, но нема да застанеме тука, продолжуваме да работиме со уште поголем елан и во иднина, изјави градоначалникот Мицевски.

     



    Големина на фонт
    Контраст