Почитувани,
По повод одржувањето на меѓународниот саем ИТФ АГРОФУД 2010 на Скопски саем, Скопје од 9-13 ноември 2010, ни причинува задоволство да Ве поканиме и Вие да земете учество во оваа манифестација. Целта на манифестацијата е на регионалните производители – земјоделци, здруженија, мали и средни претпријатија и други, да им овозможи презентирање на сопствените производи кои ги произведуваат.
Општина Крива Паланка Ви го обезбедува просторот, а котизацијата ја плаќаат самите учесници.
Детални информации и пријавување:
Лице за контакт:
Билјана Цветковска-Тасевска
031/372-130