Во рамките на редовното тековно одржување во месец октомври, Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура ја санираше улицата „8 Октомври“ и тоа од централното градско подрачје па се до м.в. „Маневски Мост“, каде беа вградени преку 90 тони асфалт.
Оваа улица е една од најфрекфентните во градот и веќе долго време претставуваше главен проблем во градот поради лошата состоба во којашто се наоѓаше последните неколку години.