Од 21.01.2011 година се започна со реновирање на зградата „Партизан“ на основното училиште „Јоаким Крчовски“. Моментално се работи на реконструкција на внатрешниот дел. Изведувач на работите е градежната фирма „Конструктор“ од Скопје. Реновирањето е во рамките на проектот „Реконструкција на основни училишта во Крива Паланка“.
Инаку со проектот во ова училиште се предвидува замена на столарија, санација на кровна површина, плафони, електрични инсталации, молерофарбарски работи и греење-котлара.