Почитувани граѓани!
Раѓањето Христово, како симбол на нашата христијанска посветеност, ја втемелува верата и вербата дека имаме уште многу причини за радост и искреност.
Божиќ е празник на дарувањето и простувањето, на помирувањето и благословот, на добрината и правдината, празник на смиреноста и скротеноста на нашите срца.
Со надеж во меѓусебна почит, од името на Општина Крива Паланка и во свое име, ви го честитам Божиќ и Божиќните празници, посакувајќи ви да ги поминете во духот на заедништвото, мирот, љубовта и разбирањето. Да го славиме патот на светлината и да веруваме во иднината на општината.
Бидете поблиску со духот и срцето до оние што ги сакате, уживајте во семејната среќа, бидете исполнети со радост во срцата и верувајте во себе .
Честит Божиќ и пријатни Божиќни празници!
Борјанчо Мицевски
Градоначалник на општина Крива Паланка