Спомен биста на македонскиот дипломат Миле Крстевски свечено беше откриено во Крива Паланка, по повод 7-годишнината од неговото загинување, како дел од делегацијата на претседателот Борис Трајковски, која настрада во авионската несреќа кај Мостар. Крстевски патуваше на Меѓународната конференција во Босна како претставник од МНР.
-Тој беше пионер на младата македонска дипломатија, а во својата тридецениска дипломатска служба беше исклучително ценет и во земјата и во странство.Нека биде ваш пример, кој ќе ве учи, ќе знае да ве искара и да ве насочува, истакна на свеченото откривање на спомен обележјето, неговиот близок соработник и другар Трајче Илиевски од МНР.
![](https://www.krivapalanka.gov.mk/wp-content/uploads/2011/03/m2.jpg)
Миле Крстевски е роден во 1954 година во Крива Паланка. Завршил Факултет за политички науки во Белград и извршувал високи функции во Сојузниот секретаријат за надворешни работи на тогашна СФРЈ, а подоцна во Министерството за надворешни работи. Дипломатската кариера ја започнал како секретар на амбасадата на СФРЈ во Конго, а по распаѓањето на поранешната држава, во најтешките моменти на осамостојувањњто на Македонија, одиграл клучна улога во признавањето на нашата држава од страна на Србија и воспоставувањето на дипломатските односи. Работел како советник во амбасадата во Белград, а потоа се враќа во МНР во РМ. Смртта го затекна како раководител на Секторот за пошироко соседство.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |