На ден 29.04.2011 година на ул.Св.Јоаким Осоговски, Општина Крива Паланка во соработка со основните и средното училиште организира Крос натпревар за ученици од 10 годишна возраст до 18 годишна возраст. Учениците ќе бидат поделени според возраста во четири категории, а во секоја категорија ќе има по две групи (машки и женски).
Кросот ќе се одржи според следната агенда:
Прва група (петто одделение деветолетка)
Старт-стара симитчија почеток 12.00 часот (женски) и 12.20 часот( машки)
Цел-Плоштад
Втора група (петто и шесто одделение осмолетка)
Старт-стара симитчија почеток 12.45 часот (женски) и 13.10 часот (машки)
Цел-Плоштад
Трета група (седмо и осмо одделение)
Старт-Јакомо техноцентар почеток 13.30 часот (женски) и 13.50 часот (машки)
Цел-Плоштад
Четврта група (ученици од средно образование)
Старт-Пицерија Елит почеток 14.10 часот (женски) и 14.30 часот (машки)
Цел-Плоштад
Повелете сите за да дадеме масовна поддршка на спортот во Крива Паланка!