Вчера градоначалникот Арсенчо Алексовски во Софија го потпиша договорот за имплементација на проектот „Под исто небо“ во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.
Вредноста на проектот е 282.000 евра од кои 220.000 евра за Крива Паланка како носител на проектот и 62.000 евра за Дупница како партнер. Во рамките на проектот Општината ќе асфалтира пат во должина од 1 км, а исто така ќе изврши и тампонирање на 950 метри пат до испосницата на пустиножителот Свети Јоаким Осоговски во село Градец. Локалитетот ќе биде партерно уреден, а ќе биде изработен и географски-информациски систем за сакралното наследство како и промоција на локалитетот како еден од нашите најголеми туристички потенцијали.