Минатата недела на 29 мај во Скопје во организација на Пингпонгарската федерација на Македонија се одржа 19-то Државно екипно првенство за пионерки. На ова првенство пингпонгарките од ППК Крива Паланка го зазедоа првото место и само потврдија дека се неприкосновени во овој спорт во Македонија.
Тие во решавачкиот меч со извонредна игра ја победија одличната екипа на Градба промет од Кавадарци со резултат 3:2 и така ја одбранија титулата од минатата година. За екипата на ППК Крива Паланка настапија Анета Станковска, Дамјана Цветковска и Ангела Стаменковска предводени од нивниот тренер Јоцо Станојковски.