Општина Крива Паланка започна со градежните активности за асфалтирање на патниот правец кон с.Трново во должина од 500м.
Активноста се реализира преку Центарот за развој на североисточниот плански регион, и е дел од третата фаза од проектот насловен како „Подобрување на условите за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во Североисточен плански регион“.
Изведувач на градежните работи е фирмата Стоименов ДООЕЛ од Кочани.