Градоначалникот Борјанчо Мицевски на покана на градоначалникот на град Врање, Слободан Миленковиќ, со делегација од Општина Крива Паланка, присуствувше на свечената академија по повод одбележувањето на Денот на градот и 141 годишнината од ослободувањето на Врање.
На свеченоста беа доделени признанија на најистакнатите граѓани од Врање, за нивниот придонес во унапредувањето на Врање на различни полиња и беше одржана пригодна уметничка програма.
Посетата беше искористена за размена на искуства и планови за продлабочување на соработката со општините од регионот кои се опфатени со програмата за прекугранична соработка на Европската Унија.