Женската сениорска екипа на „Пингпонгарскиот клуб Крива Паланка” која се натпреварува во Првата државна лига го освои првото место во есенскиот дел од сезоната 2011/2012 пред екипите на ППК Градба промет-Кавадарци и Пелистер-Битола. За екипата настапуваат Дијана Ристовска, Амелиа Уце и Христина Христовска под водство на тренерот Виорел Уце.
По освоените две титули во сезоните 2008/09 и 2009/10 екипата на ППК Крива Паланка повторно ќе се бори за шампионската титула оваа сезона, бидејки тимот е засилен со враќањето на пингпонгарката Амелиа Уце која минатата сезона настапуваше за клуб од Бугарија. Пролетниот дел од првенството продолжува во месец март 2012.