Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка свикува 37-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 26.12.2011 година (понеделник) во 14 часот. Седницата ќе се одржи со следниот
Д н е в е н р е д:
1. Новогодишно обраќање на Градоначалникот на Општина Крива Паланка;
2. Предлог – Програма за реализација на елаборатот за режимот на сообраќај во поширокото централно подрачје на град Крива Паланка за 2012 година;
3. Предлог – Одлука за усвојување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2012 година;
4. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2012 година;
Совет на Општина Крива Паланка
Претседател,
Милка Митовска