Се известуваат граѓаните на Крива Паланка дека согласно најавите на хидрометереолошкиот завод на РМ во претстојниот период ќе има поголеми врнежи на снег, појава на ниски темперетури и појава на голомразица при што се зголемува опасноста од отежнато и ризично одвивање на пешачкиот сообраќај како и на другите учесници во јавниот сообраќај по јавните површини, улици и тротоари. Поради тоа се наметнува потреба од редовно чистење на снегот од јавните површини.
Одржувањето на јавните површини во зимски услови се врши согласно Законот за јавни патишта и Програмата за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во Општината Крива Паланка.
Со Програмата за зимско одржување е пропишано дека чистењето на коловозната површина на асфалтираните улици и локални патишта го врши оператор изберен на тендер, а одржувањето на тротоарските површини пред деловните објекти и дуќани е обврска на корисниците на дуќаните. Одржувањето на тротоарските површини од улиците пред семејните куќи, колективните стамбени згради и работните организации е обврска на нивните сопственици. Иста така и ЈП Комуналец има обврска редовно да врши чистење на снегот од јавните површини на тротоарите и другите јавни неасфалтирани површини како и утовар на собраниот снег и одвоз на снегот до најблиското соодветно место.
Надзор на работата ќе врши Одделението за инспекциски надзор при Општина Крива Паланка како и Одделот за контрола и регулирање на сообраќајот при МВР.