Општина Крива Паланка, НВО Инфоцентар од Скопје и Норгес Вел од Крива Паланка Ве покануваат на ДЕБАТА на ТЕМА „Граѓанското учество во позитивни сообраќајни практики и култура на однесување“ на 19 ноември (вторник) во 10 часот во големата сала на Општина Крива Паланка.
Дебатата е во функција на развојот на сообраќајната култура и подигање на свеста на сите инволвирани учесници во сообраќајот во општината.
На дебатата е предвидено учество на претставници од општината во чија надлежност е безбедноста во сообраќајот, претставници од МВР ПСОН-ЈРМ и превенција, претставници од СОУ ,,Ѓорче Петров“, ООУ „Јоаким Крчоски“, ООУ „Илинден“ како и претставници од Советот на родители.
Целта на дебатата е да се даде поголемо значење на подигање на свеста на сите учесници во сообраќајот, како и изнаоѓање модули за подобрување на сообраќајната култура во нашиот град преку сите инволвирани страни и учесници во сообраќајот.
Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да земат учество во дебатата и со свои предлози и сугестии да придонесат за развој на сообраќајната култура, а со тоа и за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, вклучително и пешаците.