На 29 февруари во просториите на Општина Крива Паланка од 12 до 13 часот ќе се одржи промоција на Програмата на Европската Унија Европа за граѓаните, во соработка со Информативниот центар на Делегацијата на Европската Унија и информативната мрежа за ЕУ.
Во рамките на презентацијата ќе се овозможи запознавање со различните видови поддршка што ги обезбедува Програмата, а подетално ќе бидат презентирани можностите за организирање состаноци на збратимени градови, преку Акцијата за подршка на активности во кои се вклучени граѓаните со кои се обезбедува зближување на луѓето од локалните општини ширум Европа и размена на мислења, искуства и вредности.