На ден 24.02.2012, делегација од Општина Крива Паланка, предводена од Раководителот на Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија оствари еднодневна посета на Општина Дупница, Република Бугарија.
Целта на посетата беше средба на членовите на тимовите за имплементација на проектите ПОД ЕДНО НЕБО и КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО – МОСТ КОН ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА, во рамките на ИПА Програмата за Прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.
На средбата беше разговорано за тековната состојба со имплементацијата на проектите, а беа и договорени понатамошните активности во периодот кој следи.
Во рамките на посетата, општинската делегација беше примена од Градоначалникот на општина Дупница, г-дин Методи Чимев, и заменик градоначалникот за европски прашања, г-дин Красимир Ѓорѓиев. На средбата беше изразено задоволство од досегашната соработка и волја да се продолжи во иста насока со засилена комуникација, особено во делот на имплементација на проекти финансирани од европските фондови. Беше договорена и возвратна средба за неколку недели.