Општина Крива Паланка преку Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура во изминатите неколку месеци реализираше два значајни инфраструктурни проекти кои се целосно завршени и е издадено одобрение за употреба, и тоа:
- Изградба на минор коритото на Крива Река –дел 3 на потегот од т.н. „Љиљаков мост“ кон „Осички мост“ во должина од 300 м.
- Изградба на канализација во дел од с. Конопница во должина од околу 1300 м. покрај патот Штала -А2, со крак кон градските гробишта.
Проектите се со вкупна вредност од околу 11.000.000 денари, а финансиските средства беа обезбедени од Бирото за регионален развој и Буџетот на општина Крива Паланка. Двата проекти беа завршени во предвидениот рок за изградба.