Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка свикува 40-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 16.03.2012 година (петок) во 14,30 часот. Седницата ќе се одржи со следниот
Д н е в е н р е д:
– Усвојување на Записници од 38 и 39 седница на Советот.
1. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка за 2011 година;
2. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за 2011 година;
3. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ОУД „Боро Менков“ – Крива Паланка за 2011 година;
4. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за 2011 година;
5. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ООУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2011 година;
6. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Детска градинка „Детелинка“ – Крива Паланка за 2011 година;
7. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЕЛС – Крива Паланка за 2011 година;
8. Информација од ПС ОН Крива Паланка;
9. Предлог- Одлука за разрешување на лице за раководење на работите до конституирање на Л.У.Градски Музеј – Крива Паланка;
10. Предлог – Одлука за именување на лице за раководење на работите до конституирање на Л.У.Градски Музеј – Крива Паланка;
11. Предлог – Одлука за за изработка на техничка доклументација за изградба на локална патна мрежа преку Североисточниот плански регион;
12. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во Крива Паланка за 2011 година;
13. Предлог – Одлука за ослободување од надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект – семејна куќа;
14. Предлог – Одлука за утврдување на пазарна вредност по зони на градежно изградено, неизградено и земјоделско земјиште во Општина Крива Паланка за 2012 година;
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Милка Митовска