Општина Крива Паланка во соработка со ЈП Комуналец продолжува со расчистување на депониите на подрачјето на општината. Во тек е расчистување и порамнување на големата депонија за градежен отпад, остатоци од занаетчиски работи и земјен материјал настанат од ископи, на локацијата пред „Пашина воденица“ .
Се известуваат граѓаните дека и на овој локалитет е забрането понатамошно депонирање на било каков отпад.
Во тек е постапка од страна на надлежните органи при Општината за определување на нова локација за депонирање на отпад од градежни работи и за земјен материјал од вршење на ископи.
Фото галерија