Градоначалникот Борјанчо Мицевски одржа работен состанок со изведувачите на претстојните градежни активности за реконструкција на патна инфраструктура за пристапен пат до манастир Свети Јоаким Осоговски и изградба на потпорни стени на критични локации во градот.
Реконструкцијата и санација на патниот правец кон манастирот Свети Јоаким Осоговски е со средства обезбедени преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и рурален развој во виснина од 13,5 милиони денари, а втората градежна активност која опфќа изградба на потпорни ѕидови на ул. Баглачка и ул. 11 Октомври е со средства обезбедени од општинскиот буџет во висина од 5 милиони денари.
Како изведувачи на градежните активности се јавуваат економските оператори, Друштвото за производство, трговија и услуги СТОИМЕНОВ ДООЕЛ од Кочани и ДИНЕ ТРЕЈД од Крива Паланка.
На работниот состанок присуствуваше и Митрополитот кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, како соработник на Општината и партнер во проектот за реконструкција и санација на патниот правец кон манастирот Свети Јоаким Осоговски.