Општина Крива Паланка во рамките на „Проектот за локална и регионална конкурентност“ поддржан од страна на ЕУ, администриран од Светска Банка и спроведуван од Кабинет за Заменик претседател на Владата задолжен за Економски прашања – КЗПВЕП, проектна компонента „Инвестиции во туристичка инфраструктура и поврзувања во дестинациите“ изготви проект „Крива Паланка – Источна порта кон Европа (Фестивалска туристичка атракција)” за реконструкција на градскиот плоштад во централното градско подрачје.
Општина Крива Паланка во рамките на апликацијата, подготви План за управување со животната средина и социјални аспекти за проектот „Крива Паланка – Источна порта кон Европа (Фестивалска туристичка атракција)“ со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности за реконструкција на градскиот плоштад. Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности.
План за управување со животната средина и социјалните аспекти на проектот „Крива Паланка – Источна порта кон Европа (Фестивалска туристичка атракција)” (MK) (EN) (ALB)
Формулар за доставување на коментари и сугестии за План за управување со животната средина и социјални аспекти на проектот „Крива Паланка – Источна порта кон Европа (Фестивалска туристичка атракција)” (MK) (EN) (ALB)