Зaпочнаа активностите за уредување на стадионот во Крива Паланка

Градскиот стадион во Крива Паланка наскоро ќе добие нов лик со изградбата на атлетска патека, терен за мини голф и скејт-парк на спортскиот комплекс во градот. Активностите на терен отпочнаа, градежните машини ја расчистуваат подлогата и се порамнува теренот за поставување на атлетска стаза.

Уредувањето се реализира како дел од проектот „Подобра спортска инфраструктура, подобро здравје за сите“,  финансиран од Амбасадата на Република Бугарија во РС Македонија кој е насочен кон младите од општината, ученици, спортисти и рекреативци со цел нивна поголема вклученост во спорт и спортско-рекреативни активности, овозможувајќи им повеќе услови за реализација на истите.

Висината на инвестицијата за сите проектни активности изнесува околу 73.000 евра, со 25 отсто кофинансирање од страна на општината.

Предвидено е да се уреди и комплетно да се промени ликот на градскиот стадион преку: уредување атлетска патека околу градскиот стадион, нејзино уредување и ставање во функција по сите стандарди на Светската атлетска федерација, уредување на мини-голф терен и изградба на скејт-парк, на локацијата покрај стадионот.

 

 

Големина на фонт
Контраст