Отворена  изложбата на карикатура „100 најдобри дела“  од Меѓународен конкурс за карикатура „Невестинско поклонение“

Денеска во Центарот за култура – Крива Паланка,  градоначалникот Борјанчо Мицевски ја отвори  изложбата „100 најдобри дела“  од Меѓународниот конкурс за карикатура „Невестинско поклонение“, кој е авторски проект на Стојанче Величковски.

Овогодинешниот конкурс е на тема „Свадбени обичаи во светот“ и е поддржана од Министерството за култура и Општина Крива Паланка. Изложбата во галерискиот простор на Центарот за култура – Крива Паланка ќе биде отворена за посети 10 дена.

Ми претставува особена чест и задоволство да бидам домаќин на еден ваков културен настан преку кој се навраќаме на традиционалните односи и вредности во семејството и бракот, а кој во исто време го обединува светот во мало и за тоа најдобро зборува листата на учесници на овој меѓународен конкурс на карикатура, како и листата на наградените автори, изјави градоначалникот Мицевски.

Во оваа прилика, градоначалникот упати честитка по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март.

Ако некогаш жената беше столб на семејството, од  ден на ден со сето она што го креираме како политики, жената денес е столб и на општеството, истакна градоначалникот Мицевски.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст