Комисијата назначена од страна на градоначалникот на општина Крива Паланка го изврши изборот на најубава фотографија на конкурсот со тема ,,Мојата општина низ мојата фотографија“. Нaградени се следниве учесници:
1.Прва награда-Исидор Величковски VII одд.
2.Втора награда-Сандра Стојановска III година
3.Трета награда-Мартина Величковска VIII одд.
Наградените фотографии, како сите други кои беа пријавени на Конкурсот наскоро ќе бидат изложени и сите граѓани ќе имаат можност да го видат и проследат трудот на учесниците на Конкурсот.
Граѓаните дополнително ќе бидат известени за времето и местото на изложбата.