Во мајор коритото на Крива Река во завршна фаза е уредување на финтес-зона на отворено.
Активноста е дел од проектот „Младите од Бугарија и Македонија заедно за туризам како превенција за здравјето“ што го имплементираат Центарот за развој на североисточениот планински регион и Фондацијата за здравствена превенција од Република Бугарија, во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу двете земји.
Во рамки на проектот во тек е изградба и на мини голф игралиште спроти градскиот парк, а во наредната фаза од проектот се предвидува ораганизирање на детски и други видови на спортски игри и натпревари, како годишна практика за децата од овој прекуграничен регион.
Фото галерија