На 22 септември во организација на ОВР Полициска станица – Крива Паланка, во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот, Општински совет за безбедност на сообраќајот, Општина Крива Паланка и велосипедисти го одбележаа денот без автомобили, оваа година под мотото „Иднината на одржливата мобилност е во твои раце“.
Настанот е со цел подигнување на свеста кај граѓаните дека со возење на велосипед ја заштитуваме животната средина, квалитетот на живот е подобар со помалку бучава, помала емисијата на штетни гасови и подобро здравје.
Фото галерија