Делегација од Бор, Р.Србија, предводена од градоначалникот Александар Миликиќ е во посета на општина Крива Паланка по повод 8 Октомври, Денот на ослободувањето. Во рамки на официјалната посетата, денес на Свечената седница на Советот беше потпишана Повелба за пријателство и соработка меѓу град Бор и Општина Крива Паланка.
Повелабата за пријателство и соработка свечено ја потпишаа градоначалникот на град Бор, Александар Миликиќ и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Пријателство меѓу двете општини кое трае подолго време е унапредено со потпишување на Повелбата, со цел размена на искуства во насока на подобрување на економскиот, социјалниот и културниот развој, градење на блиски врски, размена на искуства и широка соработка на полето на културата, младите и спортот, како и во други области од општествениот живот.
https://www.facebook.com/o.krivapalanka/posts/1742473822569287