Младите франкофони од Крива Паланка успешни на натпреварот „Илустрирај француски израз”

Учениците од ООУ „Јоаким Крчовски” од Крива Паланка во текот на месец февруари 2020 година под менторство на нивната наставничка Елена Николовска, учествуваа на меѓународниот натпревар „Илустрирај француски израз” организиран од страна на Здружението „Бел идеал” од Франција во соработка со училиштето.

Беше предвидено наградите од нaтправарот да бидат доделени во текот на месец март во рамки на Франкофонската вече, но поради настанатата ситуација со Ковид 19, наградите беа доделени на 6 октомври 2020 година пред влезот на училиштето каде присуствуваа г-ѓа Јадранка Бојковска, основач и претседател на здружението „Бел идеал“ од Франција,  Борјанчо Мицевски, градоначалник на општина Крива Паланка и  Дане Петровки, директор на училиштето.

Настанот беше поддржан од страна на градоначалникот на општина Крива Паланка кој меѓу другото истакна дека ваквите натпревари и активности се голем поттик за учениците да го изучуваат францускиот јазик и во иднина. Исто така, г-ѓа Јадранка Бојковска подетално им објасни на присутните дека целта на здружението „Бел Идеал“ е да им помогне на учениците од Кривопаланечкиот регион да го научат францускиот јазик и подобро да ја запознаат француската култура. Преку натпревари, бројни активности, но и донации, патувања и подароци, „Бел идеал”, сака да ги охрабри учениците од близу да ја запознаат Франција.

Сите наградени ученици од натпреварот добија таблети со цел да им се олесни online наставата и тоа: Ивана Китановска од шесто одделение, Ѕвездан Петковски од седмо одделение, Марија Серафимова од осмо одделение, -Валерија Митовска од деветто одделение и Матеј Стојановски од седмо одделение доби специјалната награда од жирито.

Честитки за сите победници од натпреварот, честитки и за сите ученици кои учествуваа на истиот.

 

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст