Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 43-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 22.10.2020 година (четврток) во 11,00 часот.
Дневен ред:
Усвојување на записник од 42-та седница
- Информација за преземени мерки и активности на СВР Куманово ОВР Крива Паланка во текот на првото полугодие од 2020 година;
- Предлог- Одлука за проширување на сретствата на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2020 година;
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2020 година;
- Предлог-Одлука за ставање вон сила на Одлуката бр.09-1725/9 од 30.06.2020 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта на Општина Крива Паланка за 2019/2020 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Програма за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта на Општина Крива Паланка за 2020/2021 година;
- Предлог- Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 6646 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог- Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за за к.п.бр. 4197 и к.п.бр.4172/1во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 2772во КО Огут, Општина Крива Паланка;
- Предлог- Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.4466, к.п.бр.4649/13 и к.п.бр.2285 во КО Мартиница, Општина Крива Паланка;
- Предлог- Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 1342 и к.п.бр.1343 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог-Одлука за одобрување на дополнителен финансиски придонес за имплементација на потпроектот Крива Паланка – Источна порта кон Европа (Фестивалска Туристичка Атракција);
- Советнички прашања.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска