Стипендии за нови талентирани ученици, студенти и спортисти од Крива Паланка

Врз основа на распишаниот  Конкурс за доделување на стипендии за талентирани ученици и студенти за учебната 2020/2021 година, како и конкурсот и правилникот за доделување на стипендии на спортисти во екипни и индивидуални спортови за учебната 2020/2021 година, денеска беа потпишани договорите со  добитниците на стипендии и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Стипендијата е во висина од 3.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината. Осум нови талентирани ученици-средношколци и талентирани студенти кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија  и  двајца ученика спортисти во индивидуални спортови се здобија со право на користење на истата.

– Горд сум на Вас и ми претставува голема чест и задоволство што денеска и во услови на пандемија ве имам Вас како гости. Секогаш ќе ја имате мојата поддршка и во секој момент вратата од мојот кабинет ќе биде ширум отворена за Вас, рече Мицевски.

Градоначалникот нагласи дека ова е само еден мал стимул и поттик за оставрување на уште поголеми успеси и резултати во нивниот понатамошен живот.

 

Големина на фонт
Контраст