Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка свикува 45-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 27.08.2012 година (понеделник) во 14,30 часот. Седницата ќе се одржи со следниот
Д н е в е н р е д:
1. Извештај за зимско одржување 2011/2012 година;
2. Предлог – Програма за зимско одржување за 2012/2013 година;
3.Предлог – Одлука за доделување на финансиски средства за реконструкција (измена на дел од водоводен систем) за Месна заедница Станци, Месна заедница Дурачка Река и Месна заедница Кошари;
4.Предлог – Одлука за предавање на постоечки канализациони системи на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;
5.Предлог – Одлука за измени и дополнување на Одлуката за давање гаранција за задолжување на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;
6.Предлог – Одлука за за именување на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Крива Паланка;
7.Предлог – Одлука за донесување на урбанистичка планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп. бр. 1595 за КО Крива Паланка;
8.Предлог – Одлука за за донесување на урбанистичка планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп. бр. 886 за КО Крива Паланка ;
9. Предлог – Одлука за за донесување на урбанистичка планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп. бр. 266/6 за КО Крива Паланка;
10.Предлог – Одлука за за донесување на урбанистичка планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп. бр. 555 за КО Крива Паланка;
11. Предлог – Одлука за за донесување на урбанистичка планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп. бр. 311/6 за КО Крива Паланка;
12. Предлог – Одлука за за донесување на урбанистичка планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп. бр. 3295/2 за КО Крива Паланка;
13.Предлог – Одлука за распишување на конкурс за доделување на наградата „8-ми Октомври“.
14.Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усогласување, определување на дејност, промена на називот, промена на седиштето и промена на извршниот директорот – управителот на Фондацијата за развоја на информатички технологии – Информатички центар- Крива Паланка; и
15.Предлог – Одлука за давање согласност на Статутот на Фондација за подршка на одржлив развој Крива Паланка.
Совет на Општина Крива Паланка
Претседател,
Милка Митовска