Спортската сала во ООУ „Илинден“ наскоро ќе добие нов лик. Во тек се активности за реновирање, при што ќе се изврши промена на подната подлога, обнова на санитарни јазли, соблекувални и дограма. Во рамки на проектот ќе биде адаптиран пристап за лица со посебни потреби и изграден специјализиран тоалет.
Активностите кои се планирани треба да завршат за неколку месеци, при што сегашната подна конструкција ќе биде заменета со нова гумирана подлога. Ова е прва поголема интервенција на спортската сала, после 50 години од нејзината изградба.
Средствата во висина од околу 5.000.000 денари се обезбедени од сопствени извори на училиштето и од Министерството за образование и наука.
Фото галерија