Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 51-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 28.04.2021 година (среда) во 14,00 часот.
Дневен ред:
Усвојување на записникот од 50-та седница
- Предлог – Решение за престанок на мандат за член на Советот на Општина Крива Паланка;
- Предлог – Решение за верификација на мандат за член на Советот на Општина Крива Паланка;
- Предлог – Решение за престанок на мандат на член на Комисијата статут и прописи;
- Предлог – Решение за верификација на мандат на член на Комисијата статут и прописи;
- Предлог – Решение за престанок на мандат на член на Комисијата за меѓуопштинска и меѓународна соработка;
- Предлог – Решение за верификација на мандат на член на Комисијата за меѓуопштинска и меѓународна соработка;
7.Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1, К2 и К3 за I квартал за 2021 година;
8. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2021 година;
9. Предлог – Одлука за давање на приоритет за користење на грант средства од Вториот проект за подобрување на општинските услуги –МСИП 2;
10. Предлог- Одлука за обезбедување на дополнителни средства за проект „Изградба на регулација на минор корито на Крива Река –дел 3 во должина од 217 м“;
11.Предлог-Правилник за условите, критериумите и правилата за доделување признание за најуспешен просветен работник во предметната настава на територија на Општина Крива Паланка;
12.Предлог-Одлука за доделување на признание за Најуспешен просветен работник во одделенска настава и признание за Најуспешен просветен работник во предметна настава во основно и средно образование на територијата на Општина Крива Паланка за учебната 2020/2021 година;
13.Предлог-Одлука за отпочнување на постапка за редовно ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Крива Паланка од сите ризици и опасности;
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за рабата на ЈП „Комуналец’ – Крива Паланка за 2020 година;
15.Предлог – Одлука за давање согласност на измената и дополнувањето на годишниот план за вработување за 2021 бр.02-370/1 од 06.04.2021 година на ЈП Комуналец;
16.Предлог – Одлука за предавање на објект „Канализациона мрежа за отпадни води за населба Крстата Падина во с. Градец, општина Крива Паланка“ на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;
17.Предлог – Одлука за предавање на објект „Канализациона мрежа за отпадни води за населба Мезовски Ливади-крак2“, општина Крива Паланка, на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;
18.Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за спроведување на Програмата за развој на Центарот за развој на Североисточен плански регион за 2020;
19.Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за работа со Финансов извештај на Центарот за развој на Североисточен плански регион со завршна сметка за 2020;
20.Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за работење на ЗЈП ЕКО-ЗОНА за 2020 година;
21.Предлог-Иницијатива за изменување на Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка;
22.Предлог-Одлука за прифаќање на иницијативата за изменување на Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка;
23.Предлог-Одлука за изменување на Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска с.р