Општина Крива Паланка започна со замена и поставување на нова вертикална сообраќајна сигнализација на улицата Свети Јоаким Осоговски и на останатите улици во градот опфатени со Основниот сообраќаен проект.
Со завршување на оваа активност ќе се започне и со поставување на хоризонтална сигнализација. Се аплира до сите учесници во сообраќајот за внимателно движење додека се одвиваат овие активности, за што од страна на одговорните е поставена соодветна сигнализација.
Фото галерија