Крива Паланка со сертифицирани негуватели за пружање на помош и нега во домашни услови на стари и изнемоштени лица

Денеска во Крива Паланка беа доделени сертификати на 20 стручно и професионално обучени негуватели за пружање помош и нега во домашни услови на стари и изнемоштени лица.

Стручната обука за професионални негуватели е дел од проектот „Одговорни институции- среќни граѓани” кој Општина Крива Паланка и Црвен крст го имплементираат со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и Светска банка, во рамки на проект за подобрување на социјални услуги.

Услугите кои ќе се сервисираат од страна на професиналните негуватели се од различна природа и форма и ја заменуваат институционалната грижа и другите форми на организирана грижа, а со проектот ќе бидат опфатени 40 стари и изнемоштени лица.

Во широкиот спектар на услуги за нега вклучени се услуги за извршување на основните активности, како што се лична хигиена, облекување, хранење, мобилност во домот и слично, но и набавка на продукти, чистење, перење, поправки, земање на лекарска терапија, преку асертивен пристап со хуманост, љубезност, љубов и разбирање на состојбата и потребите на оваа ранлива група и за секој оној кој не  е во можност да се грижи и функционира самостојно.

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст