Нови активности од програмата за општинско корисна работа

Градоначалникот Борјанчо Мицевски, денеска ги додели договорите на ангажираните лица во новиот циклус активности од програмата за општинско корисна работа.

Оваа година, согласно програмата, вклучени се двајца воспитувачи, еден негувател и еден музички аниматор во ОЈУДГ „Детелинка“ Крива Паланка, како  и тројца фасилитатори односно истражувачи на терен на неевидентирани социјално загрозени лица и жени жртви на семејно насилство.

На настанот, со кој се означи почетокот на имплементацијата на проектните активности,  присуствуваа директорката на ОЈУДГ „Детелинка“,  директорката на Центарот за вработување, претставници на општинската администрација, ангажираните лица како и општинскиот координатор на проектот.

Програмата за општинско корисна работа е поддржана од УНДП, МТСП, АВРМ и Општина Крива Палaнка која обезбедува 20% од потребните средства за реализација на активностите кои треба да завршат до крајот на месец мај 2022 година.

Во претходните проектни циклуси активностите беа насочени во делот на нега и грижа за стари лица во домашни услови и ангажирање на воспитно образовни асистенти во основните и средното училиште. Овие активности, насочени кон ранливите категории на граѓание, Општина Крива Паланка ги продолжува во рамки на други програми.

Големина на фонт
Контраст