Во тек е изградба на пристапниот пат кон новите градски гробишта

Интензивно се работи на  изградбата на пристапнаната улица кон новите грaдски гробишта во должина од 828 метри. Инвестицијата е во висина од 11.723.580 денари, обезбедени преку Министерството за транспорт и врски во рамки на проектот за поврзување на локалните патишта, со заем од Светска банка.

Со овој инфраструктурен зафат, граѓаните на Крива Паланка ќе добијат модерна патна инфраструктура, со патека за пешаци, потпорни ѕидови и паркинг простор кој одговара на потребите на локалитетот.

Иизведувачи на работите се фирмата Ескаватори и Битем.

Големина на фонт
Контраст