По повод претстојниот празник 8 Октомври, Денот на ослободувањето на Крива Паланка, градоначалникот Борјанчо Мицевски имаше свое обраќање пред присутните советници и гости на Свечената седница на Советот на Општина Крива Паланка.
Градоначалникот Мицевски упати честитка од свое име и од име на општинската администрација до граѓаните на Крива Паланка по повод празникот на градот.
„Искрено се надевам дека патот по кој чекориме, со сигурност широко ќе ни ги отвори перспективите за подобар и поубав, а пред се модерен град, можности за нови проекти и фондови, град кој ќе нуди отворени можности за сите генерации“, истакна градоначалникот Мицевски.