Одржана свечена седница по повод 8 Октомври, Денот на ослободување на Крива Паланка

Со свечена седница на Советот на општината, денеска беше одбележан Денот на ослободувањето на Крива Паланка „8-ми Октомври“ и 77 години слободна Крива Паланка.

На свечената седница, од страна на Советот беше усвоена Oдлука за доделување на наградата „8-ми Октомври“, наградата  „Почесен граѓанин на Крива Паланка“ и наградата  „Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ за 2021 година.

Наградата „8-ми Октомври“ за 2021 година, Општина Крива Паланка ја додели на  Бранко Павловски од Крива Паланка,  за неговите постигнати  значајни резултати од областа на културата и музичката уметност.

Наградата „Почесен граѓанин на Крива Паланка“ за 2021 година во Општина Крива Паланка се доделува на  НЕ Милан Предан – амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, а во знак на благодарност на граѓаните на Општина Крива Паланка за соработката помеѓу Општината и Амабасадата на Република Словенија и личната посветеност на амбасадорот Предан во продлабочувањето и унапредувањето на оваа соработка.

Наградата „Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ за 2021 година се доделува на г-ѓа Оливера Јанковска Бајај од Крива Паланка, за нејзините особени заслуги во промоција, афирмација и достојно преставување на Општината и Дражавата надвор од границите на Република Северна Македонија.

По предлог на Одборот за додлеување на награди и признанија , Советот донесе одлука, да се доделат и благодарници за успешна соработка, несебично залагање и постигнување на врвни резултати за Општина Крива Паланка.

Благодарници во чест на 8 Октомври, за 2021 година ќе бидат доделени на:

1. Дарко Пешовски – за заслуги и огромна поддршка во справување со проблемите на локално ниво, како и имплементација на различни проекти од хуман карактер на територија на Општина Крива Паланка.

2. Проф. Елена Николовска –  за заслуга и високо одликување за нејзината работа и посветеноста во изучувањето на францускиот јазик, култура и воопшто на Франкофонијата во Република Северна Македонија.

3. Михаела Алексовска- за високо достигнување во спортот како кадетски репрезентативец во кошарка, прогласена на најдобар стрелец и добитник на признание за најкорисен играч-МВП на ФИБА Челенџер турнирот во Т’билиси, Грузија.

4. Биро за регинален развој Скопје – за добра соработка со Општина Крива Паланка.

5. Проектна канцеларија на Светска банка за локална и регионална конкурентност-Скопје – за добра соработка со Општина Крива Паланка.

6.Министерство за финасии, Единица за управување со проекти-Проект за подобрување на услугите на општината МСИП– за добра соработка со Општина Крива Паланка.

7.Министерство за труд и социјална политика-ППСУ Скопје – за добра соработка со Општина Крива Паланка.

8.МПЦ Кумановско Осоговска Епархија – за добра соработка со Општина Крива Паланка.

9.Здравствен дом „Др. Димитар Арсов-Крива Паланка“ – за добра соработка со Општина Крива Паланка.

10.Здружение на пензионери-Крива Паланка – за добра соработка со Општина Крива Паланка.

На свечената седница, свое обраќање имаше градоначалникот Борјанчо Мицевски, кој на присутните гости и советници и на сите кривопалнчани им го честита Денот на ослободувањето на Крива Паланка, 8 Октомври.

„Горд сум што како мала општина успеавме да се наметнеме како препознатлив чинител во делот на искористувањето на ИПА фондовите, но и од другите извори на финансирање, промените кои ги правиме во делот на енергетската ефикасност, транспарентното, отчетното и одговорно работење, да воспоставиме соработка со поголем број на дипломатски претставништва, да ги подобриме и децентрализираме дел од социјалните услуги, да воведеме нови струки и паралелки и ги подобриме условите за образование, да ги промовираме и заштитиме нашите природни и културни реткости и убавини, да ја заштитиме животната средина преку начинот на управувањето со комуналниот отпад, да инвестираме во спортот, спортската инфраструктура и младите. И сето тоа е само еден мал дел од генералната слика и промените кои секојдневно се случуваат“, подвлече Мицевски.

Обраќање на градоначалникот Борјанчо Мицевски, по повод  Денот на ослободувањето на Крива Паланка

Свеченоститите по повод  8 Октомври, Денот на ослободување на Крива Паланка, продолжуваат и во текот на утрешниот ден со полагање цвеќе на спомен бистата на паднатите борци од Народноослободителната борба пред општинската зграда од 10.00 часот, како и со Свечена академија во НУ Центар за култура во Крива Паланка на која ќе бидат врачени општинските награди и признанија.

Свечената акдамија е со почеток од 17.00 часот, каде се очекуваат бројни гости од општината, од збратимените градови како и претставници на институциите и организациите со кои Општината остварува успешна соработка, а настанот ќе биде организиран соглсасно протоколите за Ковид 19.

 

 

 

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст