Доделени највисоките општински награди и признанија за 2021 година

На свечената академија која се одржа по повод Денот на ослободувањето на Крива Паланка беа доделени највисоките општински награди и признанија за 2021 година, кои се доделуваат за посебни заслуги и за афирмација и промоција на општината во национални и меѓународни рамки.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски,  во своето обраќање на свечената академија пред присутните бројни гости, меѓу кои и вицепремиерот Николовски, амбасадорот на НР Кина во Република Северна Македонија, НЕ Џанг Ѕуо, амбасадорот на Словенија во Република Северна Македонија, НЕ Милан Предан, претставници на државни и локални институции и на делегации од соседна Србија, се заблагодари за нивната поддршка во развојот и унапредувањето на квалитетот на општинските услуги и на животот на граѓаните на Крива Паланка, нагласувајќи ја улогата на секој поединец во изградбата на просперитетна и европска Кирва Паланка.

Добитник на  Осмооктомвриската  награда за 2021 година е проф. др. Бранко Павловски, кривопланчанец, кларинетист со интернационална кариера и репутација, доктор на науки и професор на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, НЕ Милан Предан го доби признанието „Почесен граѓанин на Крива Паланка”, а „Признанието за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ и припадна на Оливера Јанковска Бајај за нејзините особени заслуги во промоција, афирмација и достојно преставување на општината и дражавата надвор одграниците на земјата.

Благодарници во чест на 8 Октомври, за 2021 година им беа доделени на Амбасадата на НР Кина во Република Северна Македонија, Белешков инжинеринг, Конструктор ДОО Скопје, Биро за регионален развој Скопје, Проектна канцеларија на Светска банка за локална и регионална конкурентност-Скопје, Министерство за финасии, Единица за управување со проекти-Проект за подобрување на услугите на општината МСИП, Министерство за труд и социјална политика-ППСУ Скопје, Агенција за спорт и млади, МПЦ Кумановско Осоговска Епархија, Здравствен дом „Др. Димитар Арсов“ Крива Паланка, Здружение на пензионери-Крива Паланка.

Осмооктомвриско признание за посветеност и успешноста во својата професија добија Дарко Пешовски, за заслуги и огромна поддршка во справување со проблемите на локално ниво, како и имплементација на различни проекти од хуман карактер на територија на Општина Крива Паланка,  проф. Елена Николовска, за заслуга и високо одликување за нејзината работа и посветеноста во изучувањето на францускиот јазик, култура и воопшто на Франкофонијата во Република Северна Македонија и Михаела Алексовска, за високо достигнување во спортот како кадетски репрезентативец во кошарка, прогласена на најдобар стрелец и добитник на признание за најкорисен играч-МВП на ФИБА Челенџер турнирот во Т’билиси, Грузија.

 

Големина на фонт
Контраст