Градоначалникот Сашко Митовски на средба со тимот за поддршка на програмата РОМАКТЕД

Денес во рамките на втората фаза на РОМАКТЕД програмата, градоначалникот Сашко Митовски одржа информативна средба со националниот тим за поддршка на програмата РОМАКТЕД кој се состои од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје и Институтот Ромалитико како организација за поддршка на процесот на имплементација.

На средбата беше презентирана програмата и беа дискутирани активностите кои се предвидени во престојниот период. Општина Крива Паланка за прв пат е дел од оваа фаза на Програмата, која е финансирана од ЕУ и Советот на Европа, а имплементирана од Советот на Европа.

Големина на фонт
Контраст