Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 4-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 20.12.2021 година (понеделник ) во 14,00 часот.
Дневен ред:
- Предлог – Програма за подигање и одржување на градското зеленило во Крива Паланка за 2022 година;
- Предлог – Одлука за доделување на еднократен финансиски надоместок на секое новороденче, запишано со адреса на живеење на територијата на Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за усвојување на финансиски извештај за реализирани приходи и трошоци за спроведување на локални избори 2021 година преку општинските изборни комисии за мeсец август –ноември;
- Предлог – Одлука за авто такси превоз на патници во Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 557 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 1348/1 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска с.р