На 27. декември започна богатата вечерна забавна програма за кривопаланчани на отворено, на градскиот плоштад, во рамки на Новогодишниот базар. На првата вечер кривопланчани од сите генерации имаа несекојдневна можност заедно да се забавуваат со музичкиот бенд „Тајфата“, потоа со настапот на Пајак и Јован, Елена Велевска и Владо Јаневски.
Фото галерија
На втората вечер, 28-ми декември настапија „Артист бенд“ „Insertakick“ и „Нокаут“.
Фото галерија
На третата вечер од Новогодишниот базар кривопаланчани и бројни гости имаа одлична забава со „YU for YU Бјело Дугме“, „2 Бона“ и Исак Шабанович.
Фото галерија