Денес градоначалникот Сашко Митовски заедно со стручните служби од општината, извршија увид во воведните градежни активности за реализација на проектот за реконструкција и рехабилитација на пристапен пат во населба „Единство“, или попрецизно, пристапен пат од поранешен Ловечки дом до м.в. Радевска маала и улица „Пиринска“.
Реализацијата на овој проект ќе се одвива во две фази, каде е предвидено асфалтирање на улица „Пиринска“ и реконструкција и рехабилитација на пристапен пат до м.в. Радевска маала.
Изведувач на работите е градежната оператива на Маљоку ДООЕЛ, а средсвата за реализација на овој проект се во износ од 3.315.873 денари, од кои 2.000.000 се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, преку програмата за поддршка на имплементација на декадата на ромите и 1.315.873 денари од буџетот на општина Крива Паланка.