На ден 6 мај 2022 година ( петок ) по вторпат во Општина Крива Паланка ќе се спроведе Голема еколошка акција насловена како Генералка Викенд II како дел на кампањата „Зелена и Сончева“ и еколошката кампања на ЕУ „Чисто како дома исто“.
Акцијата содржи три вида на активности и тоа: собирање на оставен отпад на зелени површини, селекција на соберен отпад и предавање на одреден селектиран отпад на ТСО – т.н точки за собирање на отпад односно пунктови.
Граѓаните можат да се вклучат во оваа акција на два начина и тоа:
– со вклучување работно во акциите за собирање на отпад од уредени и неуредени зелени површина во околина на своите домови , игралишта , речни корита , долови , покрај улиците и своите дворови и други слични локации.
– или преку предавање на непотребен и неупотреблив отпад од своите домови, како на пример ( стаклени шишиња, тегли, пластични шишиња, лименки, електронски отпад, неупотребливи апарати, неупотребливи автомобилски гуми, хартија и слично на определени 4 точки за собирање на отпад односно четири пунктови и тоа :
- Паркинг зад колективни станбени згради на ул: „Херој Карпош“
- Школски двор на ООУ ,, Илинден
- Пред Соларски мост на бетонските платформи
- Простор за паркирање пред автобуската станица
Како дел од овој голем еколошки настан во нашиот град , планирано е по завршувањето на предвидените работни теренски активности, да се реализира локална холистичка еко прослава насловена како ,, СОНЧЕВА ТЕПСИЈА ,,– на која свој настап ќе имаат локални бендови и локални фолклорни друштва , општинските училишта и општинската предучилишната установа
Оваа еко прослава ќе се организира на новиот градски плоштад во нашиот град, во временскиот период од 12:00 до 13:30 часот.
Во акцијата ќе се вклучат голем број на установи, организации, компании, граѓански здруженија и клубови од нашата општина
Ве повикуваме почитувани граѓани, заедници на станари да покажете општествена одговорност и да се вклучите во оваа еколошка акција.
Вашето учество може да го пријавите на контакт телефонот 075 236 557 каде може да добиете и повеќе податоци во врска со оваа еколошка акција.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА