СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 06.05.2022 (петок) , општинската администрација ќе се вклучи во спроведување на голема еколошка акција насловена „Генералка Викенд II“, како дел на кампањата „Зелена и Сончева“ и еколошката кампања на ЕУ „Чисто како дома исто“ и поради тоа општината нема да работи.

Во акцијата ќе се вклучат голем број на установи, организации, компании, граѓански здруженија и клубови од нашата општина.

Ве повикуваме почитувани граѓани, заедници на станари да покажете општествена одговорност и вие да се вклучите во оваа голема еколошка акција.

По завршувањето на предвидените работни теренски активности, ќе се реализира локална холистичка еко прослава насловена како „СОНЧЕВА ТЕПСИЈА “ на која свој настап ќе имаат локални фолклорни друштва , општинските основни и средно училиште, општинската предучилишната установа, како и локални артиси /бендови.

Оваа еко прослава ќе се организира на новиот градски плоштад , во временскиот период од 12:00 до 13:30 часот.

Големина на фонт
Контраст